Градоначалникот на општина Крива Паланка Арсенчо Алексовски оствари состанок со преставници на Бугарскиот Културно Информативен Центар од Скопје.
На средбата преставниците на Центарот го поздравија изборот на Крива Паланка за град на културата за 2013 година и ја изразија својата подготвеност за дополнување на програмата со настани содржини од творци и уметници од Република Бугарија. На овој начин ќе се придонесе кон продлабочување на досегашната културна соработката којашто ја има општината Крива Паланка со општините од Република Бугарија особено Дупница, Ќустендил и остантатие градови, а ќе се придонесе и во привлекување гости од Република Бугарија со што ќе се поттикне културниот туризам во регионот.
Заедничка констатација е дека Крива Паланка со право го доби овој статус бидејќи во изминатиот период од 4 години, како никогаш порано, беа одржани квалитетни и разновидни културни активности и содржини. Од друга страна самата географска поставеност како источна порта на Република Македонија, прекрасниот манастирски комплекс Свети „Јоаким Осоговски“ во кој се одржуваат различни културни содржини, одличната соработка со театарските, фолклорните, ликовните и други уметници и творци од соседна Република Бугарија како и останатите земји даваат до знаење дека станува збор за конкретна, квалитетна, разновидна и содржински опфатна програма.
На средбата на која присуствуваа и директорите на НУ Центар за култура и ЛУ Градски Музеј – Крива Паланка беа договорени и првичните активности и манифестации кои што во соработка со БКИЦ ќе бидат остварени во рамките на манифестацијата „Град на културата – 2013“.