gogo

A+ R A-


Крива Река порибена со 153 килограми пастрмка и крап

Вкупно 153 килограми риба, од кои 51 килограм пастрмка и 102 килограми крап беа пуштени денеска во водите на Крива Река, на осум локации во Крива Паланка и на браната во село Отошница во општина Ранковце.

https://upload.wikimedia.org/wikipedia/commons/thumb/c/c1/%D0%9B%D0%B0%D0%BA_%D0%BD%D0%B0_%D0%9A%D1%80%D0%B8%D0%B2%D0%B0_%D0%A0%D0%B5%D0%BA%D0%B0_(2).jpg/1024px-%D0%9B%D0%B0%D0%BA_%D0%BD%D0%B0_%D0%9A%D1%80%D0%B8%D0%B2%D0%B0_%D0%A0%D0%B5%D0%BA%D0%B0_(2).jpg

Порибувањето го изврши Спортско рекреативнито рибиоловен клуб „Мрена “од Крива Паланка, а финансии за одезбедениет количини риба донираше фирмата „Мали хидро-електрани Осогово“, во соработка и со поддршка од локалната самоуправа на општината.

– Порибување со пастрмка се изврши долж течението на Крива река на локалитетите кај Рудниците за олово и цинк „Тораница“ во село Узем, кај Киселичка река, во село Жидилово и на повеќе места во градскито реон во Крива Паланка, додека крапот е пуштен во Отошничка брана во Ранковце, информира Александар Рангелов, претеседател на СРРК „Мрена“.

Спортско рекреативниот риболовен клуб „Мрена“ од Крива Паланка согласно договорот со Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство на РМ е концесионер на реонот Крива Река 1 кој опфаќа течение на реката од извориштето на Калин Камен до местото каде во неа се влева Кратовска Река. Концесијата е со важност од 6 години, од 2014 до 2020 година.

– За контролирање на евентурално рибокрадство и недозволено рибарење на концесионерскиот регион „Мрена“ има вработено и лице кое врши постојана контрола и надзор, додаде Рангелов.

Спортско рекреативнито рибиоловен клуб „Мрена“ од Крива Паланка е формиран во 1997 година. Моментно клубот брои 250 активни членови.

Додади коментар


Кодот на сликата Освежи

© 2015 - Аберџија. Сите права се задржани.  Порталот е хостиран и спонзориран од Surfree. Креиран од Мартин Марковски.