gogo

A+ R A-


Кривопаланчанец остана без 35.000 евра и без камион

http://emagazin.mk/Images/8d7fe0e9-524a-4fc7-97af-69f53080cb05-kamioni.jpgКумановската полиција поднесе кривична пријава против М.А. (40) од Куманово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело измама. Во текот на 2014 година, пријавената со лажно ветување го довела во заблуда Р.Н. (43) од Крива Паланка дека ќе му купи камион и ќе го регистрира на име на нејзината фирма во Бугарија, а потоа ќе вршат транспорт во земјите на Европска Унија, за што тој во повеќе наврати и дал вкупно 35.800 евра.

Откако купила камион, пријавената не го пренела на име на Р.Н., ниту пак му ги вратила парите.

Додади коментар


Кодот на сликата Освежи

© 2015 - Аберџија. Сите права се задржани.  Порталот е хостиран и спонзориран од Surfree. Креиран од Мартин Марковски.