Инвазија од бугарски туристи се забележува секој викенд на пазарот во Крива Паланка. Купуваат речиси се што се наоѓа на тезгите. Велат и поевтино е, и поквалитетно. Бугарите го преплавија саботниот пазарен ден во крива паланка. Се бара килограм повеќе сирење, кашкавал, производи од месо но некои од нашите соседи дошле и на прошетка. Велат дека нема многу разлика во цените меѓутоа кога станува збор за квалитет, македонскиот бил подобар.
- Цените во Македонија не се толку разликуваат од цените на производите во Бугарија но, кај вас се продава поквалитетна храна - вели жител на Софија.
- Доаѓаме тука на прошетка, да видиме нешто различно, да посетиме некои знаменитости, манастири. Тука производите се поевтини и поквалитетни отколку во Бугарија – додава другиот турист.
На пазарските тезги продавачите велат дека уште сега примаат нарачки за идното доаѓање на бугарските муштерии. Според нивните информации, во Бугарија е намален број на добиток, има појава на заразни болести, а по медиумите слушаат дека храната што ја јадат е од сомнително потекло па затоа не сакаат да ризикуваат поради што купуваат во Македонија.
- Често доаѓаат , секоја сабота, најчесто купуваат млечни производи бидејќи кај нив има недостаток од вакви продукти –
- Најчесто купуваат Бугарите бидејќи овде е поевтино, а и велат дека кај нив има појава од заразни болести кај добитокот -
- Причината е економска, инаку не би имале потреба да купуваат тука. Доста купуваат ориз, пиперки, месо -
Во Крива Паланка најчесто пазарат жители на Ќустендил кој е оддалечен педесетина километри. Вака изгледа пазарниот ден и во Делчево како и во другите погранични градови со соседна Бугарија. Снеже Петковска