gogo

A+ R A-


Македонија вработува: 40 нововработени во Крива Паланка

Со мерките од Проектот за вработување на Владата на Република Македонија „Македонија вработува“, досега во Крива Паланка се вработени 40 лица, велат податоците од Центарот на Агенцијата за вработување во Крива Паланка.

5000000vrabotuva

- Има компании кои вработиле по едно лице со некоја од мерките, а други вработиле по две и повеќе лица. Најмногу лица има вработено компанија од областа на дрвната индустрија и тоа вработила 8 лица, сите на возраст над 58 години, изјави Грозде Георгиевски, раководител на Центарот на Агенцијата за вработување во Крива Паланка.

Георгиевски нагласи дека заинтересираноста на компаниите од Крива Паланка за вработување лица со овој проект расте.

- Секојдневно вршиме посета на фирмите од Крива Паланка и соседната општина Ранковце каде ги презентираме сиет активни мерки од „Македонија вработува“ и забележуваме интерес од страна на сопствениците за искористување на истите, особено за вработување лица до 35 години, рече Георгиевски.

На територијата на општина Крива Паланка и Ранковце во Централниот регистар на РМ има регистрирано вкупно 285 приватни компании.

Проектот „Македонија вработува“ опфаќа пет групи на невработени лица: лица до 35 години, лица од 35 до 50 години, над 50-годишна возраст, невработени кои се родители на три или повеќе деца, самохрани родители и членови на еднородителско семејство и лица над 58 години, највозрасните работоспособни лица.

Додади коментар


Кодот на сликата Освежи

© 2015 - Аберџија. Сите права се задржани.  Порталот е хостиран и спонзориран од Surfree. Креиран од Мартин Марковски.