Лоша, дури катастрофална е состојбата со бројот на новородени деца во општините од Североистокот.
Во Кратово се родиле само пет бебиња во јануари, февруари и март, а починале дури 40 лица. Со тоа негативниот природен прираст изнесува -35. Биле регистрирани 7 нови брачни заедници и еден развод.
Ранковце имало повеќе бебиња од Кратово, но и натаму природниот прираст е во негатива. Биле родени осум деца, а починале 20 жители, односно прираст од -12. Имало еден нов брак за трите месеци, а ниту еден развод.
И Крива Паланка се соочува со негативен природен прираст од -63. Таму во првите три месеци годинава се родиле 27 деца, а починале дури 90 лица. Склучени биле 19 нови бракови, а нема разводи.