gogo

A+ R A-


Марјанчо Колевски: Во Ранковце Кинези ќе градат текстилна фабрика со 5000 вработувања

Во Општина Кратово за кусо време ќе нема невработени, порача кандидатот за пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Марјанчо Колевски пред насобраните граѓани на митинг во кратовската населба Стадион. Ова ветување не е изборна реторика, туку е базирано на потпишување на договор со кинеската текстилна компанијата „Веибо груп“, која ќе инвестира во технолошко-индустриската зона Ранковце и ќе стане главен работодавач во земјава, со 5.000 нови  директни вработувања  и уште 1.000 до 2.000 индиректни вработувања за жителите на Кратово, Крива Паланка, Ранковце и Куманово.

alt

-Оваа прекрасна вест пред малку ја соопшти премиерот Никола Груевски на митинг во Крива Паланка и тоа ќе значи економски раст за сите општини од североисточниот регион. Тоа ќе биде најголемата интегрирана фабрика за текстил во Европа, со почетна инвестиција од 180 милиони евра и вкупна инвестиција од над 400 милиони евра. Изградбата ќе започне во октомври годинава, а со производство се очекува во 2015 година.

 

Додади коментар


Кодот на сликата Освежи

© 2015 - Аберџија. Сите права се задржани.  Порталот е хостиран и спонзориран од Surfree. Креиран од Мартин Марковски.