
На состанокот присутните се договорија за цена на водата од 4,8 денари за метар кубен вода со ДДВ, која беше прифатлива за двете страни и се постигна со посредство на министерот Цветков. Со овој договор всушност се реши долгогодишниот проблем со водоснабдување на општина Куманово. Исто така присутните се договорија со помош на програмите на министерството за земјоделство да се извршат зафати на хидро системот Кумановско Липковско поле за санација и ревитализација.
Водостопанство Кумановско Липковско Поле превзема обврска за непречена дистрибуција на вода преку алтернативни цефководи, а ЈП Водовод Куманово превзема обврска за редовно плаќање на фактурите согласно заеднички договорената цена и сервисирање на старите долгови спрема водостопанство Кумановско Липковско Поле.