
- Од вкупниот број интервенции остварени лани, 26 се интервенции за гаснење пожар на приватен имот, додека во еден случај интервениравме на имот во државна сопственост. Дванаесет од интервенциите на приватен имот се со проценета материјална штета во износ над 10.000 денари, а останатите 14 се со штета под 10.000 денари, додека со пониска материјална штета е и пожарот кој се случил на имотот во државна сопственост, изјави Коцевски.
Коцевски нагласи дека вкупната проценета сума на настаната материјална штета од сите пожари во 2014 година изнесува 870 илјади денари, а при два пожари штетата е непроценета.
- Статистички, изминатите неколку години во општина Крива Паланка се забележува тренд на намалување на бројот на пожари на годишно ниво, што е резултат на поголемата совесност на граќаните, пред се. Инаку, нашата единица е опремена со доволен број возила и стручен кадар и секогаш навремено и совесно си ја извршуваме работата, а лани интервениравме и на пожар во соседна општина Кратово , за гасење на пожар за запалената фабрика „Силпен“, рече Коцевски.
Тој информира и дека од почетокот на 2015 до денес ТППЕ интервенирала на 3 пожари и имале една техничка интервенција за асистирање без употреба на средства за гаснење, при отворање врата на стан каде имало починато лице кое живеело само.