Вчера во 13,50 часот на магистралниот пат Крива Паланка, поточно кај место викано Љијаков мост се случила сообраќајна незгода во која патничко возило „Даеву“ управувано од Н.Д.(20) од Крива Паланка удрил во пешакот Мијалко С.(74) од Крива Паланка.
Повредениот поради сериозноста на повредите на пат кон Ургентен центар Скопје, починал.