gogo

A+ R A-


Несреќа на патот Крива Паланка - Кратово: Со Мерцедесот излетал од коловоз

alt

Вчеравечер на магистралниот пат Крива Паланка-Куманово камион излетал од патот.

Според полицијата во 23.30 часот на А-2, на магистралниот пат Крива Паланка-Куманово, поточно кај месноста „Потрчин дол“ во атар на село Петралица-Крива Паланка, се случила сообраќајна незгода во која Б.А.(34) од Турција, управувајќи камион мерцедес со полуприколка, изгубил контрола над возилото и излетал надвор од коловозот.

Од незгодата причинета е само материјална штета, а  повредени лица нема.

Увид на лице место извршила екипа од ПС-Крива Паланка.

Додади коментар


Кодот на сликата Освежи

© 2015 - Аберџија. Сите права се задржани.  Порталот е хостиран и спонзориран од Surfree. Креиран од Мартин Марковски.