gogo

A+ R A-


„Невестинско поклонение“ - започна пријавувањето на тазе снаи и свекрви

Општина Крива Паланка го отвори пријавувањето на учесниците за годинашната манифестација Невестинско поклонение", која ќе се одржи на 9 март 2014 во дворот на црквата Св. Теодор Тирон" во село Конопница. Настанот Поклонение на Св. Теодор altТирон" се организира петта година по ред од страна на локалната самоуправа на Крива Паланка, Националната установа Центар за култура и месната заедница на село Конопница во соработка со Македонската православна црква.

Организаторите ги повикуваат сите нововенчани млади невести од регионот и пошироко кои стапиле во брак меѓу двете Тодорици" заедно со своите свекрви да го пријават своето учество на манифестацијата најдоцна до 7 март. Учесниците, снаите и свекрвите за учество во манифестацијата мора да облечат носии карактеристични за нивниот крај кои ги носеле нивните мајки и баби, што претставува дел од автентичното прославување на Тодорица. Целта на манифестацијата е обновениот обичај на традиционалното поклонување на невестите пред светецот св. Теодор Тирон, заштитник на младите и породот, на христијанскиот празник Св. Теодор Тирон, да се пренесе на идните поколенија. Во 50-тите години од минатиот век на овие собири имало и по стотина невести од целиот крај кои доаѓале на поклонение.

Додади коментар


Кодот на сликата Освежи

© 2015 - Аберџија. Сите права се задржани.  Порталот е хостиран и спонзориран од Surfree. Креиран од Мартин Марковски.