gogo

A+ R A-


Нов владин проект во образованието: Таблет за секој ученик

Од идната година, Министерството за образование и наука ќе започне со реализација на проектот „Таблет за секое дете“ и за три години ќе набави 300.000 таблети. Министерството нема одлучено што ќе биде со компјутерите кои ги набави со проектот „Компјутер за секое дете“, но заменик-министерот Спиро Ристовски вели дека тие рационално ќе се искористат.

http://news.tablet.bg/wp-content/uploads/2013/06/sony-tablets1-hands2-lg.jpg-Во првата фаза ќе се потрошат 152 милиони денари и таблети први ќе добијат средношколците. Во 2017 година, таблет ќе добијат основците од шестто до деветто одделение и во 2018 година најмалите од прво до петто, изјави Ристовски за телевизија Сител.

Додека трае набавката, ќе се врши и обука на наставниот кадар за работа со таблети, што беше еден од проблемите кога Владата набави компјутер за секое дете.  Досега, 2.000 од овие компјутери се украдени, а дел од преостанатите не се во фукнција.а

Додади коментар


Кодот на сликата Освежи

© 2015 - Аберџија. Сите права се задржани.  Порталот е хостиран и спонзориран од Surfree. Креиран од Мартин Марковски.