Градоначалникот на Крива Паланка, го реши долгогодишниот проблем со осветлување на градот, со тоа што оддели средства за поставување на нови и реставрација на старите канделабри и светилки.
Осветлувањето започна на делови од улиците: Коце Металец, с. Конопница, Св. Јоаким Осоговоски од поранешната фабрика “Карпош”, до местото викано “Пекљаисто”, a се заврши со поставување на осветлување на дел од улицата Св. Јоаким Осоговски, патот накај спортскиот комплекс, каде беа искористени старите канделабри кои беа репарирани од страна на ЈП Комуналец и беа поставени натриумови штедливи светилки.