Сто карикатури денес на пладне ќе бидат изложени во галеријата на Музејот во Крива Паланка, како дел од културните случувања во пресрет на големиот црковно-народен собир во манастирот „Св.Јоаким Осоговски“ во близина на Крива Паланка. Од 150 пристигнати карикатури на меѓународниот конкурс за карикатура „Невестинско поклонение“, жири-комисијата ги одбра најдобрите 100, кои на најдосетлив начин ја третираат темата за односот меѓу снаата и свекрвата. Организаторот на настанот, карикатуристот Стојанче Величковски, истакна дека конкурсот за карикатура ги урна географските граници и стана интерконтинентален.
-Самата изложба е специфична, бидејќи третира една многу чувствителна тема, ривалитетот меу снаата и свекрвата. Тоа беше предизвик за деведесет карикатуристи од сите континенти да испратат свои дела. Пристигнаа карикатури од Иран, Бразил, Аргентина, Турција, Романија, Украина, Русија и многу други земји. Годинава гостин ќе ни биде добитникот на наградата, на трофејот „Невестулка, бугарскиот карикатурист Ириен Трендафилов – вели Стојанче Величковски, кој додава дека догодина темата на конкурсот ќе биде мажот како колатерална штета во односот снаа-свекрва.
Карикатурата во светки рамки се наоѓа во длабока криза. Се помал е бројот на печатени медиуми кои на своите страници им даваат можност на карикатуристите на досетлив начин да ги третираат и критикуваат општествените проблеми. Во соседна Бугарија има осумдесеттина карикатуристи, но само 7-8 живеат од неа, и тоа оние кои сеуште објавуваат во весниците, вели бугарскиот карикатурист Јовчо Савов.
Најплодно тло за карикатуристите има во Иран и Турција, каде има и висока школа за карикатура. Иако важат за земји каде слободата на медиумите не е на највисоко ниво, сепак, карикатуристите од овие земји работат без никакви притисоци и се едни од најпознатите светски карикатуристи. Оливер Арсовски
Односот „снаа – свекрва“ инспирација за 90 карикатуристи
Најново
![]() | Денеска | 3586 |
![]() | Вчера | 12395 |
![]() | Оваа недела | 24711 |
![]() | Минатата недела | 31600 |
![]() | Овој месец | 15981 |
![]() | Минатиот месец | 133267 |
![]() | Вкупно | 20933990 |