gogo

A+ R A-


Општина Крива Паланка ќе се задолжи со 1,9 милиони денари за енергетска ефикасност

altСоветот на општина Крива Паланка донесе одлука за задолжување на општината со краткорочен заем во земјата во максимален износ до 1.968.000 денари заради имплементација на проектот „Јавните институции – енергетски ефикасни“. Заемот кон финансиска институција ќе се реализира по претходно добиено позитивно мислење од Министерството за финансии и Одлука за задолжување од Владата на Република Македонија.

Проектот „Јавните институции – енергетски ефикасни“ е финансиран од ИПА Програмата за прекугранична соработка помеѓу Република Бугарија и Република Македонија, а имплементатор е основното општинско училиште „Илинден“ од Крива Паланка. Со него во Крива Паланка ќе биде изготвена техничка документација за енергетска ефикасност на општинската зграда, на основните и средните училишта, на градинката, Градскиот музеј и општинскиот ученички дом.
Општината има рок за исплата на заемот од една година и грејс период од 6 месеци. Исплатата на заемот ќе биде извршена од ИПА Програмата за прекугранична соработка помеѓу Р.Бугарија и Р.Македонија, а исплатата на каматата имплементаторот на проектот, ООУ „Илинден“.

Додади коментар


Кодот на сликата Освежи

© 2015 - Аберџија. Сите права се задржани.  Порталот е хостиран и спонзориран од Surfree. Креиран од Мартин Марковски.