Градоначалник на Општина Крива Паланка Арсенчо Алексовски даде отчет пред своите сограѓани за сработеното во периодот 2009-2012 година.
Алексовски истакна дека целокупното негово работење било и е насочено кон создавање на услови за подобар живот на сите граѓани на Крива Паланка, согледувајќи ги секојдневно реалните потреби и водејќи сметка за оправданоста и издржаноста на проектите да бидат во полза на кривопаланчани.
- Кој пат и да го одбереш секогаш постои некој кој ти вели дека грешиш во зацртаната програма во која секогаш се појавуваат потешкотии кои те ставаат во искушение, при што потребна е храброст да го измениш зацртаниот пат и да го следиш до крај зошто во сржта на секоја потешкотија - постои можности“, рече Алексовски.
Тој ги напомена клучните активности и проекти за инвестициите во урбанистичко-комуналната инфраструктура, потоа инвестииците во образованието, културата, спортот и за јавното приватно партнерство.
Алексовски на крајот заврши со реализацијата на прекуграничните проекти на Крива Паланка со Ќустендил и Дупница, Република Бугарија, при што со финансиска поддршка од ИПА-Програмата за прекугранична соработка од фондовите на Европската унија добиени се вкупно 406.696 евра.
На овој отчет за работењето на градоначалникот и Советот на општината 2009-2012 година присуствуваше и носителот на изборната листа во Третата изборна единица од ВМРО-ДПМНЕ, Марјан Ѓорчев, актуелен пратеник, потоа пратеникот Веле Георгиевски и други претставници од законодавната и извршната власт.