gogo

A+ R A-


Отворен театарскиот фестивал во Крива Паланка - ВИДЕО

Со звукот на трубата синоќа во Крива Паланка беше крената театарската завеса на петтиот меѓународен театарски фестивал „Св. Јоаким Осоговски“. За отворен фестивалот го прогласи градоначалникот на Крива Паланка, Арсенчо Алексовски. По Шенка Колозова, Зафир Хаџиманов, Милица Стојанова и Петар Темелковски, годинава лауреат на фестивалот е актерот Страшко Милошевски.
-Во овој петгодишен период, кривопаланчани имаа можност да уживаат во безброј театарски остварувања на повеќе театри од нашата земја. Интенција на фестивалот е да секоја година по еден до два театри од нашата држава гостуваат овде во Крива Паланка, а останатите претстави ни доаѓаат од Бугарија, најчесто од Дупница и Ќустендил. Имаме одлична соработка и со театарот од Вршац – истакна лауреатот Страшко Милошевски, кој е и уметнички директор на фестивалот.
Инаку, фестивалот е дел од проектот „Крива Паланка – град на културата за 2013-та година“.
-Сите овие културни активности кои ги направивме во изминативе неколку години, беа ценети од страна на Министерството за култура. Токму, можеби, овој театарски фестивал беше една од алките кои придонесоа за тоа да бидеме прогласени за град на културата за 2013-та година – истакна градоначалникот на Крива Паланка, Арсенчо Алексовски.
Фестивалот ќе трае осум дена, а ќе настапат осум театри и четириесет и шест актери.     Оливер Арсовски

alt

Додади коментар


Кодот на сликата Освежи

© 2015 - Аберџија. Сите права се задржани.  Порталот е хостиран и спонзориран од Surfree. Креиран од Мартин Марковски.