Потпишан e договор за купопродажба на поранешниот објект Кланица АД Малина од Крива Паланка, помеѓу пакистанската фирма Џонсон Филипс Агро и Шпаркасе банка.
Пакистанската компанијa плaнира веднаш да започне со изградба на уште два нови погони за преработка на месо и за преработка на овошје и зеленчук.
Заради купување на земјиштето и реализирање на предвидените инвестиции, пакистанската компанија Џонсон Филип Агро поднесе барање до општина Крива Паланка за изработка на урбанистичко планска документација за уцртување на двата објекта.
Како што кажа градоначалникот Арсенчо Алексовски, оваа инвестиција е дел од програмата за рестартирање на постоечките капацитети и привлекување на странски инвестиции.