Првиот човек на компанијата “Џонсон и Филипс Лимитед” Билал Куртеши деновиве беше во посета на Крива Паланка и лично претстави дел од плановите поврзани со рестартирањето на кланицата.
Инвеститорот Куртеши е задоволен од досегашната соработка со Локалната самоуправа и се надева дека кланицата ќе почне со работа од април или мај.
Проектот го води Љубомир Дренковски кој има дваесет годишно искуство во месната индустрија, кој истакна дека кланицата претежно ќе работи со крупен добиток.
Покрај големиот број директни, највенисе и т.н. индиректни вработувања во кланицата, односно кооперантски принцип на работа со што значително ќе се зголеми сточниот фонд на општината.
Отворањето на кланицата е значајна инвестиција која ќе придонесе за економскиот развој на Крива Паланка.
&