Хуманоста се учи од мали нозе, а петтодделенците од основното училиште „Илинден“ од Крива Паланка покажаа дека таа лекција одлично ја научиле. На повикот за помош на семејството на Стојче Ѓеорѓиевски, невработен самохран татко на две деца на возраст од две и четири години, реагираа учениците со гест кој ги топли срцата на секој човек. Петтодделение одлучија минатиот петок ужина да си понесат од дома, а парите што ги добиле од родителите да ги донираат на семејството во социјален ризик.
-За маките на семејството Ѓеорѓиевски слушнавме на локалната телевизија, па во договор со нашите наставници одлучивме парите што ги трошиме за една ужина да ги пренасочиме за загрозеното семејство. Нашиот пример сметаме дека ќе поттикне многу луѓе да сторат слични дела – велат петтодделенците од ОУ „Илинден“, нагласувајќи дека ова не е нивна прва хуманитарна акција.
-Во развивање на хуманоста и филантропските особини кај децата, многу значајна улога имаат наставниците. Иницијативата дојде од учениците, а ние наставниците им помогнавме полесно да ја реализираат – вели наставникот Добри Јовевски.
Кон акцијата за помош на семејството Ѓеорѓиевски се приклучи и здружението на граѓани „Хендикеп плус“.
Петтодделенци ја донираа ужината на самохран татко со две деца
Најново
![]() | Денеска | 5713 |
![]() | Вчера | 2582 |
![]() | Оваа недела | 14443 |
![]() | Минатата недела | 31600 |
![]() | Овој месец | 5713 |
![]() | Минатиот месец | 133267 |
![]() | Вкупно | 20923722 |