24-годишниот кривопаланчанец М.Р. околу 4 часот по полноќ украл такси возило, па предизвикал сообраќајка.
Според податоците од полицијата, пријавениот кој бил мртов пијан украл такси возило во сопственост на такси-компанијата „Бонтон“, по што предизвикал сообраќајна незгода.
Кога полицијата пристигнала на местото на настанот, бесниот кривопаланчанец нападнал еден од полицајците.