Љубителите на планинарењето и на чистиот планински воздух утре ќе можат да се приклучат на манифестацијата „Планинарска трансверзала 4М“, која се одржува по шеснаесетти пат во организација на здружението „Патник“. Целта на оваа планинарска манифестација е да се посетат четирите манастири (Лесновски, Сарандополски, Рилски и Пчински), според легендата за Св. Гаврил, Св. Јоаким Осоговски, Св.Јован Рилски и Св. Прохор Пчински. Тие во единаесеттиот век се упатиле од Лесновската гора на различни страни, каде се изградени денешните сакрални објекти, два во Македонија и по еден во Бугарија и во Србија. Оваа планинарска манифестација е во организација на лиценцираниот водич и планинар Стојанче Величковски, кој по Осоговските Планини ќе ги води планинарите на првата делница од „Меѓународната планинарска трансферзала - „4 М (1).
-Оваа година по шеснаесетти пат ќе тргнеме по патот на една легенда од единаесеттиот век низ прекрасните предели на Осоговието. Оваа планинарска трансверзала е по многу нешта различна од другите бидејќи ги поврзува најстариот со најмладиот тип на Родопските планини во Осоговскиот масив. Сите учесници ќе имаат можност да уживаат во глетката на вулканските форми на злетовскиот кратер, кои по своите карактеристики се споредуваат со вулканот Етна. На пат кон манастирот Св.Јоаким Осоговски ќе можат да се сретнат со многу ендемски типови на растенија и животни, како и ретки птици – истакна Величковски.
Планинарската тура ќе тргне во 7 часот од Лесново, а ќе финишира во 19 часот во манастирот Св.Јоаким Осоговски во Крива Паланка. Оливер Арсовски
По патот на една легенда од 11-ти век: планинарски марш во Осоговието
Најново
![]() | Денеска | 6765 |
![]() | Вчера | 2582 |
![]() | Оваа недела | 15495 |
![]() | Минатата недела | 31600 |
![]() | Овој месец | 6765 |
![]() | Минатиот месец | 133267 |
![]() | Вкупно | 20924774 |