gogo

A+ R A-


Почнува осмиот меѓународен театарски фестивал „Свети Јоаким Осоговски“

altКрива Паланка од денеска до 23 септември ќе биде домаќин на осмиот Интернационален театарски фестивал „Св Јоаким Осоговски“, на кој ќе настапат реномирани театарски куќи oд Македонија, Србија, Бугарија, Босна и Херцеговина и Хрватска.

Фестивалот ќе биде отворен вечерва во 20 часот со официјалното кревање на фестивалското знаме, по што ќе се биде доделено признанието лауреат на фестивалот, кое годинава ѝ припадна на актерката Јелена Жугиќ. Говор за делото на Жугиќ ќе одржи театарскиот критичар Лилјана Мазева.

Фестивалската програма ќе почне утревечер, во 20 часот, со настапот на Театар комедија со претставата „Стјуардеси“ на Марк Камолети. Во петок со почеток во 12 часот во „Градскиот музеј“ Крива Паланка ќе биде промовирано делото „30 години литературно творeштво на Трајче Кацаров“, а вечерта настапува Народниот театар од Тузла, БиХ, со „Свршувачка“ од Чехов.

На репертоарот се и настапите на народниот театар „Бора Станковиќ“ од Врање, НУЦК „Трајко Прокопиев“, театар Кумановo со „Идиоти“, промоција на романот „Претстава“ од Гоце Ристовски, продукција „Како ви е драго“, Белград, НТ „Невена Коканова“, Дупница, НТ „Стерија“, Вршац и студио „Призор“ од Белград.

Фестивалот ќе биде затворен во петок 23 септември со настапот на младите актери од драмско студио при Нацонална установа „Центар за култура“, Крива Паланка со претставата „Не се клади на Енглези“ во режија на Глигор Цветковски.

Покровител на Меѓународниот театарски фестивал „Свети Јоаким Осоговски“ е локалната самоуправа на општина Крива Паланка. Сите фестивалски вечери почнуваат во 20 часот, а претставите се одигруваат на сцената во Центарот за култура. Влезниците се со симболична цена од 50 денари, а собранатa сума ќе биде донирана во хуманитарни цели.

Додади коментар


Кодот на сликата Освежи

© 2015 - Аберџија. Сите права се задржани.  Порталот е хостиран и спонзориран од Surfree. Креиран од Мартин Марковски.