Во просториите на општина Крива Паланка се одржа презентација за бизнис адресар со интерактивна мапа „еПаланка“ .
Презентацијата ја водеа реализаторите на овој проект М-р Ангелчо Ристовски и дипл.инж Тони Јовевски .
На презентацијата присуствуваа од бизнис секторот кој беа запознаени со можностите и услугите што се нудат од самото партиципирање кон овој проект.
Приклучувањето кон овој проект значи: означување на мапа на Крива Паланка со краток опис за бизнисот, како и изработка на веб страна со поддомејн на epalanka.
Поволностите кој ќе ги добијат корисниците беа презентирани, а најбитно од се како што истакнаа презентерите односно реализаторите секој производ или услуга ќе биде достапна до целиот свет исто така и на мапата ќе бидат означени сите културно-уметнички знаменитости со што ќе се олесни и зголеми туризмот во Крива Паланка.
Овој проект е прв од ваков вид во Република Македонија истакнаа презентерите.
Овој проект го поддржа и градоначалникот Арсенчо Алексовски на општина Крива Паланка кој присуствуваше на презентацијата и воедно ја отвори и ја поздрави презентацијата.