Секоја година од пред почетокот на зимата до летото во селото остануваат с` помалку жители, само оние што нема каде да одат и се принудени да живеат отсечени во снежната планина. Другите се селат во Kрива Паланка
Убавите есенски денови пред да падне првиот снег, по што кривопаланечкото село Дренак останува завеано и отсечено до пролет кога се топат снежните навеви, го искористивме да ги посетиме жителите и да видиме во какви услови ќе ја минуваат зимата. Kон планинското село на Осоговските
Планини тргнавме заедно со директорката на Домот за ученици „Боро Менков“, Валентина Јовевска, и со домаќинот Виктор, кој со своето старо „фиќо“ секој петок ја превезува шест и полгодишната првоодделенка Ивана Давитковска до својот дом оддалечен околу 20 км од Kрива Паланка. Тие се загрижени за неа и сакаа да поразговараат со семејството бидејќи малата Ивана зимава треба да остане во интернатот, одделена од семејството повеќе месеци.
- Ивана е малечка и с` уште се приспособува на новата средина. Сакаме да се договориме со родителите за нејзиниот престој бидејќи снегот ќе ~ го оневозможи враќањето во домот подолг период. Иако е многу напредно и интелигентно дете, сепак ова ~ е прва разделба од семејството и сите мора да вложиме напори најбезболно да ја прифати одвоеноста од своите - вели Јовевска.
Миленичка во интернатот
Натоварени со неколку пакети хуманитарна помош во облека и храна од Црвениот крст од Kрива Паланка, минуваме по патот кон селото Станци и скршнуваме кон селото Метов до кој води асфалтиран пат. Оттаму до Дренак возиме по нерамен шумски земјен пат полн со дупки. Kога стигнуваме кај т.н. Шоферска чешма, Виктор, чии родители потекнуваат од Дренак, кажува дека годинава за 1 Мај токму тука имало огромна снежна соспа. Ја искачуваме највисоката точка од каде што се гледаат осоговските врвови Борилова Чука и Бела Вода, а пред нас се отвора прекрасна живописна глетка на Дренак. Се спуштаме кон селото чувствувајќи ја возбудата на Ивана, која едвај чека да пристигне кај најблиските. Очињата ~ се детски, но сериозноста ~ е како на возрасен. Таа е миленичка на сите од интернатот, на учителката Бети и на целото одделение. Иако навидум мирено ни одговара на прашањата дека ~ е секаде убаво и дека кога ќе падне снегот ќе остане во ученичкиот дом, сепак се насетува дека со нетрпение чека да пристигне во селото и во семејството.
- Јас работам дома. § помагам на мајка ми, мијам садови, метам. Веќе ставивме с` од туршија, ни остана само зелката - ни раскажува Ивана.
Таа кажува дека таксистите во еден правец за превоз им земаат по 1.000 денари.
По еден и пол час пристигнуваме во Дренак каде што на стрмниот брег се распослани старите камени куќи. Дел од патот до домот на родителите на Ивана го минуваме пеш, а пред нивната дотраена куќа од камен, плот и сламен покрив н` пречекува мајката Пепица со 2,5-годишната Александра и со 6-месечната Мартина. Таткото Цене заминал на сезонска работа во Македонски Брод каде што со коњи пренесува дрва од шумската сеча. Тука е и Злате, братучедот на Цене, кој ~ помага на Пепица, а свекрвата Ленка отишла да ги пасе козите. Ивана веднаш втрчува во единствената соба на 6-членото семејство Давитковски, со четири кревети, маса и со едно ќумбе, а ние ја чувствуваме радоста што ~ ја нуди топлината на скромниот дом. Мајка ~, откако пред осум години се омажила за Цене, ниеднаш не го посетила своето село Kараманица во Србија. Најмалата Мартина, пак, ја родила во март во Штип поради непреодниот пат до Kрива Паланка, завеан од снежните соспи. Пешачела 1,5 час до браната „Злетовица“ од каде што со возило на Здравствениот дом од Пробиштип била пренесена во штипското породилиште. Но не успеале да го остварат правото за надоместок за трето дете.
- Цене не успеа да ги собере сите документи. Требаа некои документи за мене од родната Kараманица, ама тоа е далеку - вели Пепица.
Снег, немаштија и волци
Злате ни раскажува за другите жители од селото, кои се стари и болни, дека сите оние што имаат каде да одат се селат пред да започне зимата.
- Но, има и такви што нема каде да одиме, па сме принудени да останеме овде. Н` има и беќари, ама која невеста ќе дојде овде каде што има само снег, немаштија и волци - вели 42-годишниот Злате.
Грижливата мајка по разговорот со директорката на домот н` испрати со молба да ~ ја чуваат нејзината Ивана.
- Што ќе правиме со детето на Цене, мора да се најде некое чаре. Помогнете, многу е малечко - побараа жители на селото што ги сретнавме.
Тие го привршуваа собирањето на летнината, а повеќето од нив се подготвуваа за презимување кај своите деца и роднини во Kрива Паланка. И виталниот 70-годишен Гроздан Ристовски рече дека се двоуми дали да остане во селото.
- По ланската снежна голгота, се мислам дали да останам или да презимам со сопругата кај синот во градот. Kога ќе н` затрупа снегот, не можеме ниту преку прагот. По цел ден и ноќ само слушаме како завиваат волците. Зимава три дена по 10 души сами го пробивавме патот, но снегот пак с` завејуваше. Секоја година ли ќе чекаме со хеликоптер да ни фрлаат храна - вели Гроздан додека со стапот ни покажува колку голема била снежната покривка.
Зимава во Дренак ќе останат едвај 20 жители. Иако ни рекоа дека од селото кон Kрива Паланка има 7 км земјен пат, ние со „фиќото“ пресметавме 11 км. Директорката Јовевска беше видно погодена од тешките услови за живеење на своите штитеници. Освен Ивана, во Дренак живее и нејзиниот братучед Далибор, син на братот на Цене, кој е втора година во СОУ „Ѓорче Петров“. Тој често до селото и назад одел по скратени патишта низ планината пешачејќи во еден правец по три часа. Неговото семејство, пак, живее во старото запуштено училиште во крајно тешки услови.
- Далибор е многу добар ученик и е претседател на комисијата за успех во домската заедница. Мора и него и Ивана да ги изведеме на прав пат и да им обезбедиме услови за подобра иднина. Имаме уште едно првоодделенче, Јован од Жидилово, ќе одиме и кај неговите родители - вели Јовевска.
(автор - Жаклина Цветковска, www.dnevnik.com.mk)