gogo

A+ R A-


Работилница за одржливост во рамки на проектот „Да ги поврземе бисерите“

https://spectar.org.mk/wp-content/uploads/2022/06/20220601_100654-1024x576.jpgНа 1 и 2 јуни, во Лесковац, се одржа 4-та работилница од проектот „Да ги поврземе бисерите“, што го спроведуваат Град Лесковац и општина Крива Паланка, во партнерство со Центарот за развој на  Пчињско- јабланичкиот регион,со поддршка на ИПА 2 програмата  за прекугранична соработка помеѓу Македонија и Србија.

На работилницата беше презентирана драфт верзијата на  Акцискиот  план  за заеднички одржлив туризам , кој начелно беше прифатен од страна на Работната група составена од претставници на јавниот , приватниот и невладиниот  сектор од Лесковац и Крива Паланка.

Учесниците дискутираа и даваа предлози и за заедничка културна понуда  и за  заедничка Green и Outdoor понуда која ќе ги поврзе општините од пограничниот регион. Притоа, особено внимание беше посветено на намалувањето на штетните влијанија врз природата и заштита на еколошката средина.

Вториот дел од работилницата беше посветен на дефинирање на програмата за предвидениот  Green викенд и програмата за работилницата за соработка. Беше одлучено во Лесковац да се одржи дводневен фестивал на отворени културно- рекреативни активности  кои вклучуваат планинарска акција, културно-забавна програма,презентација на културно наследство ,  подготовка и дегустација на традиционална храна на повеќе локации во Вучје и покрај реката Вучјанка. Крива Паланка, пак, ќе организира крос трка со препреки на потегот  село Станци –Станечки водопади-Калин Камен на која ќе учествуваат млади, возрасни и професионалци, а дводневната манифестација ќе биде придружена со повеќе културно-забавни содржини.
https://spectar.org.mk/rabotilnica-za-odrzhlivost-vo-ramki-na-proektot-da-gi-povrzeme-biserite/?fbclid=IwAR3jtsZ4YoNfUPn_ynPJPgs2C0gcIfHw5rmBrm4PLiqJmM_g34Dg4d6sWwU

Додади коментар


Кодот на сликата Освежи

© 2015 - Аберџија. Сите права се задржани.  Порталот е хостиран и спонзориран од Surfree. Креиран од Мартин Марковски.