gogo

A+ R A-


Репортажа од Ќустендил - градот кој полека се претвора во пустелија

http://planina.bgstart.net/files/2011/07/kustendil.pngНекогашниот преполн пограничен град Ќустендил во соседна Бугарија, кој секојдневно беше преплавен од шопинг-туристи, најмногу Македонци, денес е полупразен и нималку не личи на она што беше само до пред две-три години. Македонските посетители се малобројни, а истовремено континуирано се намалува и бројот на ќустендилци, кои масовно се иселуваат. Еден од некогаш најголемите и најснабдени отворени пазари, полн со тезги со разновидна стока и купувачи, сега е речиси празен, а и во останатите трговски објекти ретко се среќаваат заинтересирани муштерии.

Во последно време најактуелни се продажните центри со стока од втора рака, каде што се чека ред, што зборува за опаднатиот стандард на бугарските граѓани.

- Продажбата постојано опаѓа. Цените скокаат, а потрошувачката се намалува. Ако некогаш Македонците ни беа главните муштерии, денес ретко ги има, а и ќустендилци купуваат с` помалку. Скапо е, а голем е бројот на оние што не може да ја купат стоката што ја нудиме - вели продавачка во ексклузивен бутик, која не сакаше да ~ се споменува името.

Трговците се жалат дека и оние македонски граѓани што с` уште доаѓаат да пазаруваат повеќе не носат полни торби со производи за целото семејство, туку само по неколку парчиња, кои се поевтини на бугарскиот пазар.

- Порано Македонците масовно доаѓаа и се облекуваа овде од глава до петици. Сега и тие ретките што пазаруваат доаѓаат со одредена намера и купуваат само она што е поевтино, обично обувки и облека. Најчесто тоа се жители од Kрива Паланка и од Скопје. Во Ќустендил нема ни српски шопинг-туристи, освен од пограничниот Босилеград. Kај нас не доаѓаат ниту Грци, тие одат во Сандански, таму им е блиску и поради кризата ги има во голем број - велат повеќето од ќустендилските трговци со кои разговаравме.

Тие се жалат дека ги губат како потрошувачи и сопствените жители, затоа што градот постојано с` повеќе се празни.

- Граѓаните се иселуваат во поголемите центри во Бугарија или цели семејства заминуваат во странство, најмногу во Шпанија, Италија, Шведска, Англија. Ако некогаш градот имаше околу 70.000 жители, денес се останати едвај околу 45.000 жители - вели ќустендилецот Станимир Дончев.

Се чека стока од втора рака

Тој објаснува дека минималната плата изнесува 150 евра, а пензиите во просек се околу 100 евра или дури помалку, а дека е голем бројот на оние што ги добиваат токму овие примања.

- И што може да купат со тоа? Да ги намират сметките, некои основни продукти и да крпат понатаму. Kаква облека, каков луксуз, тоа е заборавено. Тешко се живее, многу тешко. Единствена придобивка од влезот во ЕУ е што луѓето може да заминат од Бугарија и да одат на печалба во европските земји. Ама и таму не се наоѓа лесно работа и оттаму стигнуваат ограничувања за Бугарите - вели Дончев.

Поради нискиот стандард, ќустендилци се најбројни во трговските центри со стока од втора рака, а таму може да се сретнат како пазаруваат и македонските граѓани.

- Гледате дека се чека во ред. Особено кога се добива нова пратка. Граѓаните ги полнат кошниците затоа што е евтино, се продава на килограм. Затоа овде се најбројни муштериите. Има примери и лица што работат во скапи бутици да се облекуваат во секнд хенд-магацините. Има и Македонци, кои овде прават шопинг, а тие најмногу бараат скијачка опрема, особено оние што одат на зимување во ски-центрите во Бугарија - вели продавачката Десислава Рајчова.

И додека бројот на македонските шопинг-туристи во Бугарија се намалува, расте бројот на бугарските граѓани, кои с` почесто пазаруваат во Kрива Паланка. И тоа најчесто прехранбени продукти и средства за лична хигиена, кои кај нас се поевтини. Поради близината, наместо на ќустендилскиот пазар, одат преку граница во продавниците покрај пограничната зона и таму ги купуваат потребните продукти. Бугарски граѓани во голем број има и во кривопаланечките угостителски објекти, каде што веќе резервирале и за пречек на Новата 2014 година.

http://www.dnevnik.mk/default.asp?ItemID=CD3F4A7409BF724BA7A4BFBFF92D099C

Додади коментар


Кодот на сликата Освежи

© 2015 - Аберџија. Сите права се задржани.  Порталот е хостиран и спонзориран од Surfree. Креиран од Мартин Марковски.