gogo

A+ R A-


Републиката во пламен! Крвопролевање во Куманово, ранети полицајци, ќе победи ли разумот?

povreden12Повремени поединечни истрели од огнено оружје претпладнето се слушаат и во централното градско подрачје на Куманово, како и во Дива населба. За сега од Хируршкото одделение на кумановската Општа болница информираат дека имало четворица потешко повредени полицајци со прострелни рани и шрапнел, но поради сериозноста на повредите тие се пренесени во Клиничкиот центар во Скопје. Нема информации за евентуални човечки жртви.
Некои албански портали пласираа информација дека има три цивилни жртви, девојче со своите родители, но веста не е потврдена и веројатно се работи за шпекулација со која се подгреваат радикалните структури во општеството.

altКуманово е со голема полициска фреквентност, кон Зелениот пазар и Дива населба, каде што изутрината започнале пукотниците, пристапот е ограничен, повремено надлетуваат хеликоптери и како што велат очевидци било забележано и беспилотно летало. На сите патишта на влез и излез на Куманово има полициска контрола.

Кумановци и натаму се вознемирени. Жителите во Дива населба се револтирани и сметаат дека ова е непотребно, дека не им е познато што се случува и меѓусебно повикуваат на смиреност и соработка со полицијата.

Додади коментар


Кодот на сликата Освежи

© 2015 - Аберџија. Сите права се задржани.  Порталот е хостиран и спонзориран од Surfree. Креиран од Мартин Марковски.