gogo

A+ R A-


„Руле турс“ го купи кумановски „Југ турист“ за 2,2 милиони евра

alt

Друштвото за превоз, промет и услуги „Руле Турс“ од Скопје, го добил правото на располагање со имотот на кумановската автобуска станица на „Југ турист“, во стечај. По завршувањето на стечајната постапка скопската фирма понудила план за реорганизација, кој бил прифатен од доверителите. Со него „Руле Турс“ се обврза дека ќе ги намири доверителите во висина до 15 отсто од побарувањата, како и целосно сите придонеси кон вработените. За ова ќе плати вкупно 2,2 милиони евра. Истовремено, ветил дека ќе ги задржи на работа сите 52 лица. Оваа стечајна постапка заврши во Основниот суд во Велес, кој поради презафатеност на Кумановскиот суд, со одлука на Врховен, добил дел од стечаите што се воделе таму. Стечајните предмети се доделени и на Скопскиот и на Штипскиот суд. (П.П.)

Додади коментар


Кодот на сликата Освежи

© 2015 - Аберџија. Сите права се задржани.  Порталот е хостиран и спонзориран од Surfree. Креиран од Мартин Марковски.