Во тек е изградбата на новиот административно-деловен објект во Крива Паланка кој се гради по принципот на јавно-приватно партнерство. Проектот предвидува изградба на административно – деловен комплекс на местото на постојната зграда на поранешен прекршок со површина на зградата од 1012 м2.
Со реализација на овој проект, локалната самоуправа од сегашните 150 м2 , ќе добие простор од дури 470 м2, со што ќе го реши долгогодишниот просторен проблем за обезбедување услови за работа на општинската администрација.