Како последица од обилните врнежи кои ја зафатија државата во минатите 2-3 дена, се излеа Крива Река во атарот на селото Шопско Рударе. Водостојот на реката е на критично ниво и се заканува да поплави ниви, бавчи и куќи кои се наоѓаат во близина на течението. Добра вест е што утринава дождот конечно запре, а метеоролозите најавуваат затоплување и дожд со намален интензитет.
фото - Симе Арсеновски