Електронскиот дневник и натаму табу тема за една четвртина од училиштата во земјава. Дури 128 училишта воопшто не водат евиденција во него. Од почетокот на годината, наставниците не запишале ниту една активност во електронска верзија. На законската обврска, од вкупно 461 училиште во земјава, заборавиле 86 основни и 42 средни школи.
Најголем дел од нив се во Тетово, Гостивар и Куманово. Од државниот просветен испекторат велат дека контролите се направени, школите имаат 8 дена да ги запишат сите активности од почеткот на годината до сега, во спротивно следат прекршочни и парични казни.
Николоска вели дека инспекторатот само ја констатира фактичката состојба на терен, кој не води електроска евиденција. Тие не навлегуваат во проблематиката зошто во некои училишта сеуште нема компјутери или интернет.
Користењето на е-дневникот е законска обврска од 2011. Од министерството за образование велат дека наставниците мора да ја почитуваат одредбата. Не држи изговорот дека во училиштата нема интернет или дека компјутерите не работат. Според нив, наставниците таа обврска доколку не ја завршат на работа може да ја сработат и од дома.
Во средното училиште „Митко Пенџуклиски“ во Кратово редовно се евидентираат сите потребни иактивности на учениците и наставниците.
www.sitel.com.mk