Двaјцa се повредени во судир на два автомобили утрово на магистралниот пат Крива Паланка- Ранковце.
Сообраќајната несреќа се случила околу 7.30 часот кај местото Просеченик. Тогаш се судриле автомобил „фолксваген венто“ што го управувал М.М. од Крива Паланка и „шевролет авео“ управуван од А.Б. од Скопје.
По судирот „фолксвагенот“ излетал од патот. Возачот М.М., кој е тешко повреден, од возилото го извлекле пожарникарите. Поради сериозноста на повредите М.М. од Здравствениот дом во Крива Паланка е пренесен во Ургентниот центар во Скопје. Полесно е повреден и сопатникот од „авеото“.