gogo

A+ R A-


Спасен животот на болна старица од завеано и отсечено кривопаланечко село

Од подрачното одделение на Дирекцијата за заштита и спасување во Крива Паланка информираат дека изутрината добиле дојава за потреба од лекарска интервенција од страна на жители на кривопаланечките села Огут и Нерав, до каде патот бил непристапен.

Mountain Chalet Covered With Snow HD wallpaper for Standard 4:3 5:4 Fullscreen UXGA XGA SVGA QSXGA SXGA ; Wide 16:10 5:3 Widescreen WHXGA WQXGA WUXGA WXGA WGA ; HD 16:9 High Definition WQHD QWXGA 1080p 900p 720p QHD nHD ; Other 3:2 DVGA HVGA HQVGA devices ( Apple PowerBook G4 iPhone 4 3G 3GS iPod Touch ) ; Mobile VGA WVGA iPhone iPad PSP Phone - VGA QVGA Smartphone ( PocketPC GPS iPod Zune BlackBerry HTC Samsung LG Nokia Eten Asus ) WVGA WQVGA Smartphone ( HTC Samsung Sony Ericsson LG Vertu MIO ) HVGA Smartphone ( Apple iPhone iPod BlackBerry HTC Samsung Nokia ) Sony PSP Zune HD Zen ; Tablet 2 Android ;- Околу 10 часот утрово до ПО на ДЗС се јави жител од селото Огут кој алармираше дека има 75-годишна старица со сериозна здравствена состојба и побара од нас итно да се известат надлежните служби и да се интервенира. Нешто подоцна, околу 11 часот добивме повик и до село Нерав од каде јавија дека 12-годишно момче од селото неколку дена има проблем со силно воспаление на заб, а поради непроодниот пат не можеле никако да дојдат до градот на стоматолог, изјави Зоки Павловски, координатор на подрачното одделение на ДЗС во Крива Паланка.

По добиените повици ДЗС во координација со Центарот за управување со кризи, Општинската организација на Црвен крст и Територијалната Противпожарна единица од Крива Паланка формирале тимови и со две теренски возила заминале на терен.

- Веднаш интервениравме и до Македонија пат од каде обезбедија возило за расчистување на снегот, како и до ТППЕ. Нерав и Огут се на голема надморска височина, снежната покривка иако се стопила делумно, сепак изнесува околу 30-тина сантиметри, па пробивањето на патот траеше речиси четири часа, потенцира Павловски.

Болната старица ја презеле лица од Кривопаланечкиот црвен крст.

- Лица за логистика од Тимот за одговор и дејствување при катастрофи од Црвен Крст Крива Паланка помогнаа во координираната акција за преземање и транспорт на болната баба која беше видно изнемоштена и истата е транспортирана околу 16 часот до Здравствениот дом во Крива Паланка, каде беше прифатена од екипа на Итната медицинска помош и е укажана лекарска грижа. Родителите на момчето од Нерав со сопствено возило го транспортираа до стоматолошка ординација во Крива Паланка, информира Дарко Пешовски, од ОО Црвен Крст, Крива Паланка.

Од ПО на ДЗС во Крива Паланка нагласија и дека во текот на денот пробивање на патот побарале и жителите на село Луке заради поскоро снабдување со лекови и прехрамбени намирници.

Инаку, во општина Крива Паланка непристапен е и патот до село Дренак.

Додади коментар


Кодот на сликата Освежи

© 2015 - Аберџија. Сите права се задржани.  Порталот е хостиран и спонзориран од Surfree. Креиран од Мартин Марковски.