gogo

A+ R A-


Средношколец од Крива Паланка претепан и ограбен во Скопје

http://netpress.com.mk/wp-content/uploads/2014/09/bi4.jpgВчера околу 18.30 часот во близина на студенскиот дом „Томе Стефановски-Сениќ“ во скопска Автокоманда, пет непознати лица физички го нападнале И.А.(17) од Крива Паланка, ученик во АСУЦ „Боро Петрушевски“, а со привремен престој во студентскиот дом, при што му го одзеле мобилниот телефон марка „алкател“, со што му е причинета материјална штета од околу 4.000 денари.

Сторителите му пришле на И.А. одзади грб, едно од лицата му ставило капа на глава, а останатите лица почнале да го удираат со клоци и со тупаници во пределот на телото и и на главата, при што му нанеле видливи повреди, а потоа му го одзеле мобилниот телефон и заминале во непознат правец.

Увид на место на настанот извршила увидна екипа на СВР-Скопје.

Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Додади коментар


Кодот на сликата Освежи

© 2015 - Аберџија. Сите права се задржани.  Порталот е хостиран и спонзориран од Surfree. Креиран од Мартин Марковски.