18 годишен ученик од Крива Паланка без причина вчера бил нападнат и прободен со нож од 17 годишен жител на селото Радибуш. Како што соопшти полицијата, инцидентот се случил кога ученикот се враќал од училиште. Тој бил пресретнат од помладото момче, кое без повод го нападнал удирајќи го со клоци и тупаници, а потоа извадил нож и го прободел во пределот на десната надколеница.
Повредениот ученик бил пренесен во болница каде му била укажана лекарска помош, а насилното момче било приведено.
По целосно расветлување на случајот полицијата ќе му поднесе соодветна пријава.
















