
Две лице починаа, а едно е повредено во сообраќајна несреќа што се случила денеска на магистралниот пат Куманово-Крива Паланка во близина на Страцин, потврди СВР Куманово.
Во сообраќајната несреќа која се случила во 9:40 часот учествувале две патнички моторни возила „фиат пунто” со кумановски регистарски ознаки.
Дознаваме дека двете починати лица, татко и син, се од Железница, а се работи за Блажо и Филип Георгиевски.