gogo

A+ R A-


Трибина на ВМРО-ДПМПНЕ во Крива Паланка, граѓаните задоволни од реализираното

Синоќа во Националната установа Центар за култура во Крива Паланка се оддржа отворена трибина со граѓаните. Пред голем број граѓани и симпатизери на ВМРО-ДПМНЕ зборуваа министерката за внатрешни работи Гордана Јанкуловска, вицепремиерот Владимир Пешевски, заменик министерот за образование Спиро Ристовски и директорот на ФЗОМ Сашо Стефановски. Трибината се оддржа со цел да претстават дел од плановите на Владата на Република Македонија кои се очекува да доведат до поголем развој на државата.

              palanka500  Градоначалникот на Крива Паланка Арсенчо Алексовски им посака добредојде на функционерите на Владата на РМ и на сите присутни и воедно ја отвори трибината. Арсенчо Алексовски освен тоа што нагласи некои од веќе завршените проекти рече:„ Ќе продолжиме со реализирање на програмата и исполнување на ветеното.“

                На трибината беа претставени голем број од досегашните достигнувања и реформи, како и сите оние поволности што се направени за пензионерите, студентите, учениците, земјоделците, здравството, но и за обичните граѓани.

                „Образованието е еден од приоритетите на Државата, Владата на РМ досега инвестираше и ќе инвестира во подобрување на образовната инфраструктура. Досега се реконструирани неколку училишта во Крива Паланка и се планира да се изгради спортска сала. Само во североисточниот регион се инвестирани повеќе од 180 милиони денари во делот на подобрување на целокупната образовна инфраструктура“ - се само дел од зборовите кои ги нагласи заменик министерот за образование Спиро Ристовски.

                Директорот на ФЗОМ Сашо Стефановски, претстави некои од мерките кои се спроведени со цел за подобрување на животот на граѓаните, односно спомена за градење на нови и реконструкција на постоечките здравствени објекти каде ќе можат да се лекуваат граѓаните, новата опрема за здравствените установи, намалените цени на лековите, трансформација на волонтери од здравствените установи во постојано вработување, реконструкцијата на здравствениот дом во Крива Паланка и подобрените услови за лекување, „Наш специјалист“ односно доаѓање на доктори од другите градови итн.

                Преполната сала покажа дека граѓаните се заинтересирани за тоа што досега го има постигнато Владата на РМ и тоа што допрва ќе го исполни. Најголем дел од присутните беа кривопаланчани, но имаше гости и од Кратово и Куманово.  Емилија Трајановска

Додади коментар


Кодот на сликата Освежи

© 2015 - Аберџија. Сите права се задржани.  Порталот е хостиран и спонзориран од Surfree. Креиран од Мартин Марковски.