gogo

A+ R A-


Тригодишната Ели од Крива Паланка не може да прооди, потребни се 200.000 денари за операција

altМалата Елеонора Стојановска од Кривопаланечкото село Луке, родена со тешка дијагноза, спина бифида, е со тежок телесен инвалидитет. Во септември ќе наполни три години, а сеуште не може самостојно да застане на нозе поради лошата здравствена состојба. Специјалистите предлагаат операција на меките ткива, која чини околу 200.000 денари, а родителите кои се невработени, не се во можност да обезбедат средства, поради што упатуваат апел за помош до хуманите граѓани.

     Ведра и насмеана, со детска радост која го огрева нејзиниот лик. Ова е првиот впечаток од средбата со малата , две ипол годишна, Елеонора Стојановска. И налик секое детенце, кое зрачи со ведрина, Елеонора не поздрави со насмевка...но, иако во септември ќе наполни три години, за жал.....сеуште не може самостојно да застане на нозе поради лошата здравствена состојба.

Елеонора била родена со спина бифида, поради што не ги движела нозете. Три дена по раѓањето била оперирана, оттогаш минале многу физиотерапии, прегледи, иследувања, испитувања.

Фиикалните терапии се покриени од Фондот за здравство до 3 годишна вораст, по што мајката плаќа за својот престој, а детето се лекува бесплатно.

За сите досегашни и тековни испитувања, барајќи решение за состојбата на ќерќичката, мајката Тања и таткото Бобан, кои се невработени, морале да се снаоѓаат и да плаќаат сами. Единствени финансиски примања на четиричленото семејство се 4000 денари кои ги добиваат како медицинска заштита за Ели, како лице со тешка инвалидност.

Специјалистите предлагаат операција на меките ткива, која чини околу 200.000 денари во приватна клиника. Родителите не се во можност да обезбедат средства, поради што упатуваат апел за помош до хуманите граѓани.

Храбрите родители немаат средства ниту можност да изнајдат соодветен медицински третман во странство, на потег се сите хумани граѓани, сите институции, надлежни и стручни лица од медицината , можат да помогнат...советодавно, со еднократна помош, со иницијативи или донации на посочената жиро сметка. Бобан Стојановски жиро с-ка. 210501675877876 НЛБ Тутунска Банка

Елеонора допрва треба да чекори по животниот пат и да се соочува со предизвиците. Надминувајќи ја оваа пречка со заеднички сили ќе помогнеме сето тоа да биде по лесно, по безбедно и по безболно за неа и најблиските. За да насмевката биде поширока, поведра, да биде што посилен детскито восклик.

Додади коментар


Кодот на сликата Освежи

© 2015 - Аберџија. Сите права се задржани.  Порталот е хостиран и спонзориран од Surfree. Креиран од Мартин Марковски.