Со инвестиција од поголем обем на Министерството за образование и наука на Република Македонија, во соработка со општина Крива Паланка, се менува ликот на ученичкиот дом „Боро Менков“.
Во последна фаза се градежните работи и набавките за реновирање на спалните соби, занималната, ходниците и другите простории. Во крило „В“ во ученичкиот дом, каде се одвива реконструкцијата на сутеренот, приземјето и првиот кат на домот, набавките се однесуваат на замена на врати, надворешна столарија, како и внатрешна столарија.
На површина од околу 400 m2 во спалните соби на домот се заменети старите подови со топол и функционален под. Во наредните денови се очекува и замена на подовите во просториите за занимања на учениците. Пуштен е во употреба и системот за парното греење. Конечниот изглед, по завршување на овој значаен проект за реконструкција, домот ќе го добие во текот на месец ноември.