gogo

A+ R A-


„Урбан ѕид“ во Крива Паланка

altСо цртање графити и испишување на името на општината на ѕидот до Локалната установа Градски музеј Крива Паланка, учениците од основните и средното училиште од грaдот го обележаа првиoт „Урбан ѕид“ во општината.
Со оваа активност локалната самоуправа се вклучи во проектот на Агенцијата за млади и спорт, симболично наречен „Урбан ѕид“, чија цел е поддршка на младите во изразување на нивната креативност преку создавање урбана уметност.
- Одбравме две локации за оваа намена, покрај ѕидот до Музејот ќе се црта и на ѕидот кај местото „Тивка ноќ“ на главната улица Св. Јоаким Осоговски, на излезот од градот - изјави градоначалникот на Крива Паланка, Арсенчо Алексовски
Во проектот се вклучија учениците од ООУ „Јоаким Крчовски“, ООУ „Илинден“ и СОУ „Ѓорче Петров“, а работеа под менторство на наставниците по ликовна уметност.
- Младите имаат можност да ги канализираат својата креативност и енергија преку уметност, разубавувајќи ги овие две локации од градот, а преку тоа ќе бидат пример кој ќе го следат и останатите, да се биде насочен кон позитивни нешта и да се биде од полза на средината во која живееме - додаде Алексовски.

Додади коментар


Кодот на сликата Освежи

© 2015 - Аберџија. Сите права се задржани.  Порталот е хостиран и спонзориран од Surfree. Креиран од Мартин Марковски.