gogo

A+ R A-


Вечерва концерт во Крива Паланка во чест на роденденот на Тоше

alt

Во чест на големата музичка легенда Тоше Проески вечерва на денот на неговиот роденден во НУ „Центар за култура“ Крива Паланка, ќе се одржи хуманитарен концерт.

Концертот е во организација на хуманитарното здружение „Хендикеп плус“ со поддршка од општина Крива Паланка, а е насловен „Чекориме по твојот пат“.

Иницијатори за концертот во Крива Паланка се неговите фанови, меѓу нив неколку млади кривопаланчанки кои по стапките на Тоше зачекорија на неговиот пат на хуманоста, една од неговите најблагородни карактеристики по кои тој засекогаш ќе остане запаметен, покрај по прекрасните стихови.

- Последната отпеана песна на Тоше беше „Се е ова премалку за крај“ и навистина имаше право. Неговите бројни хумани дела закогаш ќе останат запаметени. Името на Тоше значи светлина, надеж, па ние како здружение не можевме, а да не продолжиме да чекориме по неговата патека на хуманоста, патека на човечкиот живот, изјави претседателот на „Хендикеп плус“ Бранкица Димитровска.

На концертот ќе настапат Тајзи, Силви бенд, Андреј Миске, Борче Павлевски, Димитар Стоименов, Дејан Јованов, Гусар МЦ... кои уште еднаш ќе ја покажат својата хуманост.

Димитровска потенцираше дека се чуствува среќно што Крива Паланка за прв пат се организира  хуманитарен концерт во чест на Тоше.

- Јас како организатор на овој хуманитарен настан мислам дека кривопаланчани уште еднаш ќе докажат дека кај нив е буден човекот со надеж дека овој концерт ќе остане традиција во нашиот град, рече таа.

Влезницата е со симболична сума од 50 денари, а средствата собрани од концертот ќе бидат наменети за помош на социјално загрозени семејства во Македонија.

Додади коментар


Кодот на сликата Освежи

© 2015 - Аберџија. Сите права се задржани.  Порталот е хостиран и спонзориран од Surfree. Креиран од Мартин Марковски.