gogo

A+ R A-


„Веибо груп“ започна да регрутира работници, за почеток само од Крива Паланка

alt

Во општина Ранковце започна селекцијата за вработување соодветен кадар во кинеско-турската инвестиција „Веибо“. Со отварањето фабриките во Крива Паланка и во Ранковце, Веибо ќе го намали бројот на невработените за 5600 лица. Со оваа инвестиција ќе се подобри индустрискиот развој во североисточниот регион и ќе се намали невработеноста. Од Агенцијата за вработување информирале дека во тек е селекцијата за кадрите кои накоро ќе бидат потребни. Директорот на Агенцијата за вработување изјавил дека во тек е селекцијата за кадрите за работа во фабриката, на денешното отварање на канцеларијата во Општина Ранковце.

Пред се,  сега работиме само за Крива Паланка. Таму имаат објект кадешто можат да вработуваат. Тече селекцијата, врз основа на оние планови ние им праќаме соодветни кадри, си тече селекцијата, си тече вработувањето. Во наредниот период ќе започне и селекцијата за објектите што се планирани во општина Ранковце, изјави Влатко Поповски, директор на Агенција за вработување на Република Македонија.

Околу 700 граѓани се водат како невработени лица од оваа општина Ранковце. Со отворањето на канцеларијата ќе се исполнат очекувањата и условите секој граѓанин да си го најде соодветното место на пазарот на трудот кои порано за пријавување во агенцијата патуваа до Крива Паланка.

Во првиот конкурс, кој се очекува да биде објавен наскоро , ќе има побарувачка за околу 400 работни места, токму во фабриката Веибо. Инвеститорот претходно го купи погонот во Крива Паланка кој што ќе биде обучен центар за нововработените лица. Погоните во Североисточна Македонија се очекува дека ќе шијат за познатите светски бреднови како што се Nike, Adidas и H&M.

Додади коментар


Кодот на сликата Освежи

© 2015 - Аберџија. Сите права се задржани.  Порталот е хостиран и спонзориран од Surfree. Креиран од Мартин Марковски.