Општина Крива Паланка ја усвои Програмата за развој на информатичко-комуникациската технологија (ИКТ) на општината за следната година. Вредноста на Програмата изнесува 11.190.000 денари, кои ќе бидат обезбедени од општинскиот буџет за 2013 година. Програмата за развој на ИКТ е поделена на два дела: развојни приоритети и цели и проектни активности. Креирана е согласно локалната ИКТ стратегија за периодот 2011 - 2014 година и ги содржи областите одржување и набавка на нова ИТ-опрема и нов софтвер, имплементација на нови ИТ-решенија и нивна интеграција со постојниот систем, како и континуирана обука на вработените во единицата на локалната самоуправа.
Во вториот дел кој ги содржи проектните активности опфатени се електронското одвивање на седниците на Советот на Општина Крива Паланка, потоа имплементација на Правилникот за технички и организациони мерки за обезбедување на трајност и заштита на обработката на личните податоци, е-даноци, како и обуки на локалната администрација.