gogo

A+ R A-


Во Крива Паланка се одржа „компиријада“

kriva-palanka-grad

Како дел од програмата „Крива Паланка град на културата за 2013“ во организација на општина Крива Паланка денеска се одржа манифестација посветена на надалеку прочуениот компир од кривопаланечко „ Паланечка компиријада 2013“.

Манифестацијата се одржа на градскиот плоштад каде беа поставени штандови со црвен и бел компир произведен во Осоговието, беа изложени специјалитети од компир, се читаа текстови за компирот како амбасадор на Крива Паланка и се одржаа натпревари  во брзо лупење компир и лупење најдолга лушпа од компир. Сопственикот на најголемиот изложен компир доби специјална награда.

Иницијатор за востановување на „Паланечка компиријада“ е паланчанката Весна Чурчиќ-Величковска која се погрижи за интегрирање на што по  интересни содржини, а ја изработи и маскотата „Паланечко компирче“.

„Паланечка компиријада 2013“ беше збогатена со настапот на фолк-пејачот Круме Спасовски,  а настапија и вокално-инструменталниот состав на староградски песни од Крива Паланка, „Распеани ланчани“ и останати музичари. Покрај тоа, посетителите имаа можност да слушнат и за благотворните дејства на компирот, неговото користење како лек и кулинарски трикови за приготвување јадења од компир.

Во кривопаланечко постојат извонредни услови за одгледување компир, а компирот од Бела Вода и Калин Камен на Осоговските планини се едни од најквалитетните произведени во земјава.

Додади коментар


Кодот на сликата Освежи

© 2015 - Аберџија. Сите права се задржани.  Порталот е хостиран и спонзориран од Surfree. Креиран од Мартин Марковски.