gogo

A+ R A-


Во Крива Паланка тројца крадци на 24 кила ореви ќе одлежат затвор од 2,5 години

Тројца крадци, меѓу кои и една жена од Крива Паланка, во тамошниот суд, за кражба altна три вреќички со 24 килограми ореви се осудени на вкупна затворска казна во траење од две и пол години, пишува денешен ВЕСТ. Затворската казна во траење од една година добил обвинетиот З.Н., а му била изречена во отсуство, додека, пак, С.А. и обвинетата Ј.А. за стореното дело се осудени на затворски казни во траење од по девет месеци.

Тројцата осуденици им се добро познати, како на полицијата така и на судовите, бидејќи досега повеќепати биле пријавувани и осудувани на најразлични казни поради серија на тешки кривични дела.
Кражбата, како што е наведено во обвинителниот акт, ја извршиле на 24 ноември пред две години, во куќата сопственост на Г.Г.
-целата сторија на http://www.vest.mk/default.asp?ItemID=2F4DBC6F6DC3EB43B9001B56D7271BD5

Додади коментар


Кодот на сликата Освежи

© 2015 - Аберџија. Сите права се задржани.  Порталот е хостиран и спонзориран од Surfree. Креиран од Мартин Марковски.