Во средното општинско училиште „Ѓорче Петров“ – Крива Паланка, во претстојната учебна година во прва година запишани се околу 170 средношколци. Новитет во кривопаланечката гимназија е можноста за дооформурање на образованието на учениците со трет степен, односно учениците од туристичко-угостителската насока тригодишното образование може да го продолжат за уште еден степен.

– Освен учениците кои се запишани во гимназиската насока, има 25 ученика во електро-техничката струка, во машинската стука 20 ученика и во тертиот степен околу 15 ученика. Новитет годинава е одобрението од страна на Министерството за образование и наука за дооформување на средното образнование за учениците кои имаат завршено трет степен туристичко-угостителска струка, профил готвач. Имено тие ќе можат да го продолжат своето школување во четврт степен. Поарди тоа ги повикувам сите наши ученици кои зваршиле терт степен да се запишат во четврт овде, изјави директорот на СОУ Ѓорче Петров, Миле Милковски.
Со можноста за дооформурање на образованието на учениците со трет степен за уште еден степен се овозможува исполнување услов за упис на факултет.
Милковски нагалси дека континуирано се работи на подобрување на условите за учење и амбиентот за престој на учениците и вработените, па во текот на летото комплетно беа реновирани осум училници на вториот кат, а во тек е обнова на оградата.
– Комплетно се реновирани осум училници во кои беше заменет стариот под. Истиот не беше променет од изградбата на учлиштето во 1964 година. Во сите училници е поставен линолеумско под, малтерисани и бојадисани се ѕидовите, на плафоните е вградена мрежа, а компјутерската инсталација е вметната во подната површина. На целиот кат во училниците се заменети дрвените врати со нови ПВЦ врати. За ова беа вложени средства во висина од околу два милиони денари, финансии обезбедени од сопствениот буџет на училиштето, изјави Милковски.
Исто така летово се изврши и дезинфекција и неопходни поправки, а во претстојниот период ќе се врши поплочување со бекатон-плочки на дел од училишниот двор, на пристапниот дел кој го користат учениците.
Најавената нова наставна насока за конфекциски-компјутерски оператор од текстилно-кожарската струка, поради слабиот интерес за запишување на учениците, оваа учебна година нема да биде реализирана.