Вкупно 417 пензионери од општините Крива Паланка и Ранковце поднеле барање за користење на бесплатна бањско-климатска рекреација и бесплатен туристички викенд. Од Филијалата на Фондот за пензиско и инвалидско осигурување во Крива паланка информираа дека во заклучно со 16. февруари, последниот рок за аплицирање, до нивната канцеларија се поднесени 417 барања, од кои 215 се за користење бесплатен викенд и 353 за бесплатна бањско-климатска рекреација.Минатата година во ПИОМ пристигнале 408 барања, а 65 пензионери ја искористиле бесплатната услуга.
- На подрачјето на Крива Паланка и Ранковце се регистрирани вкупно 3.843 пензионери, а право да користат бесплатна бања имаа сите кои не ја искористиле услугата минатата година, информираа од ПИОМ.
Поволностите од проектот за бесплатна бања опфаќаат шест полни пансиони, бесплатен превоз, здравствени прегледи и бањски третмани. Од оваа година Министерството воведе и нова услуга за бесплатен туристички викенд која може да ја користат корисници на старосна, инвалидска и семејна пензија. Услугата може да се користи еднаш, во период од април до ноември 2015 година, во траење од 3 дена и опфаќа два полни пансиони и- автобуски превоз до хотелските објекти во Охрид, Струга, Дојран,Крушево, Преспа и Берово.