Дваесет и шестгодишниот Љубиша Видојковиќ, кој на 3 април минатата година кај Универзална сала ја прегази студентката Фросина Цековска од Крива Паланка, е осуден на затворска казна од 6,5 години за тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот и за неукажување помош на лице повредено во сообраќајна незгода.
Според вештачењето, Љубиша возел со брзина од 85 километри на час, а Фросина ја удрил со предниот дел од возилото, односно со браникот, во нозете. Кај него беше утврдено присуство на 1,23 промил алкохол во крвта.